По повод Светскиот ден на детето 20 Ноември со мото „ Сите права за секое дете“. Ученичкиот парламент на ООУ „ Невена Георгиева-Дуња“, Кисела Вода, Скопје реализираше активности за одбележување на овој значаен ден кога  децата и младите го креваат својот глас  за прашањата што се важни за нивната генерација.  За таа цел членовите на Ученичкиот парламент подготвија презентација за правата на децата која беше презентирана во сите паралеки на одделенскиот час. Изработија и фото есеј според овогодинешното  мото со кој ја прикажаа важноста  и значењето од почитувањето на правата децата.  Исто така акцентот оваа година беше ставен  и на подигнувањето на свеста за превенцијата и спречувањето на насилството меѓу врсниците.  Во контекст на ова беше изработен постер преку  кој учениците се запознаа со видовите на насилството  како и кои постапки треба да се превземат за негово сузбивање и санкционирање. Постерот беше промовиран во секој паралелка и дискутиран со учениците. Се одржа и работилница за правата на децата каде учениците се запознаа со своите права и  со конвенцијата за правата на детето каде што е опишано се што можат децата да прават како и се што треба да прават возрасните кои се одговорни да ги направат децата среќни, здрави и сигурни. Особено беа истакнати приоритетите како мирот, земја планета која ќе овозможи безбедно и здраво живеење како и поголемото вклучување на децата во општествениот живот, кои како точки на акција се неопходни да се реализираат и за кои сите релевантни институции и организации треба да се залагаат.