Добредојдовте!

Со задоволство ја поздравуваме Вашата  посета на нашата веб – страна. Во училиштето „ Невена Георгиева-Дуња“ , промовираме позитивни вредности и имаме за цел да го направиме секој ден пријатен, мотивирачки и незаборавен.

ООУ„ Невена Георгиева-Дуња“ е пријателско училиште во срцето на нашата општина Кисела Вода кое се наоѓа на ул. „ Михаил Чаков“ бр. 2. Училиштето има современи услови за реализација на воспитно-образовниот процес и располага со простран училишен двор со зелени површини, училници, библиотека, сензорна соба за ученици со аутистичен спектар, пристапна рампа, лифт за ученици со посебни образовни потреби,  сала за физичко и здравствено образование, канцелариски простории, кујна со трпезарија и други простории.

Наставата во училиштето се изведува во две смени и на македонски јазик.    

Обезбедувајќи стимулативна училишна средина, Како училишен тим, ние се стремиме децата да имаат најдобри можности за учење и развој за времето кое го поминуваат на училиште.Во чекор со современите образовни текови,постојано се работи на подигнување на квалитетот на наставата,преку користење на современи нагледни средства и помагала, преку внесување на иновации, модернизација на методите, формите и техниките на работа.

Развивањето на  вредностите за живот, толеранцијата, хуманоста, човечките права ги инспирира и охрабрува сите деца да напредуваат, да постигнат и доживеат успех. Нашите деца се ентузијасти во врска со нивното учење и напорно се обидуваат да го постигнат најдоброто што можат во сите области, додека се грижат и ценат себеси и другите.

Ние работиме напорно за постојано да се подобруваме и да им даваме на нашите ученици најдобар почеток во своето образование. Нашата верба е дека можеме да направиме разлика, со заедничко работење со родителите  со што ќе обезбедиме секое дете да го постигне својот целосен потенцијал.

Имаме посветено, Водечко тело кое заедно со нашите родители ги застапува нашите заеднички напори да го направиме нашето училиште најдобро што може. Само со вистинска и чесна соработка со сите засегнати страни е можно максимално исполнување за секој ученик. Една од нашите главни цели е да помогнеме во растењето на добри луѓе кои се инспирирани да направат разлика во нашата заедница и светот.

ООУ„ Невена Георгиева-Дуња“

Ви благодариме што одвоивте време да ја посетите нашата веб-страница на училиштето. Нашата веб-страница ќе ви отвори и прозорец кон нашата работа  и  светот на нашите ученици. Ние сме пријателско училиште и ги охрабруваме посетителите да доаѓаат и да видат самите за тоа што нè прави посебни. Доколку ви требаат дополнителни информации, ве молиме не двоумете се да не контактирате.

Училиштето е верифицирано со акт број 280 од 26.2.1964 година на Општинското собрание на Општина Кисела Вода.