First Learning, Teaching, Training Activities
Date: 8-9-10 February 2022
Наставници од ООУ Невена Георгиева – Дуња , Скопје присуствуваа на првата обука предвидена во проектот наменета за употреба на современи дигитални алатки со цел иновативност во наставата, како и подобрување на квалитетот на наставата или учење на далечина. Во време на глобална пандемија наставниците го прифатија предизвикот за дигитализација и континуирано ја адаптираат формата и содржините во наставата, притоа избирајќи ја најсоодветната дигитална алатка. На оваа обука од страна на италијанскиот партнер беа понудени 6 алатки и тоа:
Genially
Animaker
Canva
EdPuzzle
Book Creator
Kahoot
Со обуката се потенцираше и посебна методолигија на работа која се наметнува при учењето на далечина со цел задржување на вниманието на учениците и подобрување на постигнувањата односно:
- Употреба на бесплатни дигитални алатки во наставата
- Алатки кои придонесуваат и наставниците и учениците да учат во континуитет
- Дигитални приказни, инфо графика
- Алатки кои се забавни и го задржуваат вниманието, а од друга страна го подобруваат совладувањето на содржините
- Простор за виртуелна соработка помеѓу наставниците и учениците