ООУ „ Невена Георгиева-Дуња“ во своето долгогодишно постоење е секогаш во чекор со современите текови во образованието, насочено  кон поквалитетна и поефикасна настава, кон јакнењето на професионалната автономија и на чувството на одговорност на наставникот, интезивирањето на процесите на самореализација на ученикот и се поактивната негова позиција во сопствениот воспитно-образовен развој, проширувањето и воспоставувањето на партнерски односи на субјектите во воспитанието и образованието, како и јакнење на социјализаторската улога воопшто на училиштето.

М И С И Ј А

КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ТИМСКАТА РАБОТА И ПОДДРШКА НА ДЕТСКАТА ЛИЧНОСТ

Изјава на мисијата

» Во нашето училиште со долга традиција се изведува креативна и квалитетна настава од страна на наставен кадар кој постојано се усовршува и надградува.    

» Вработените го поттикнуваат развојот на интелектуалните, емоционалните естетските и практичните вредности на учениците, поттикнувајќи здрави навики на живеење.

» Стекнатите знаења во ова училиште придонесуваат за развивање на почит на личноста и природната средина, а стануваат цврсти темели за надградба во повисоките степени на образование.

» Училиштето превзема најразлични активности со кои поддржува партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.

ВИЗИЈА

Се стремиме кон ученици како личности кои ќе користат современа образовна технологија во корист на остварување на целите на учењето, како потреба и нужност да градат систем на позитивни вредности, а со тоа ќе ги подготвиме да придонесат во градењето на демократско граѓанско општество.

Училиштето настојува да им обезбеди еднакви можности на сите ученици до максимум да ги искористат своите капацитети за да стекнат знаења, способности и вештини кои им се неопходни за секојдневно функционирање и продолжување во образованието и истовремено да ја развие кај нив свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување.

МОТО

КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО ТЕМЕЛ НА КРЕАТИВНИ ЛИЧНОСТИ

ЦЕЛИ

Во нашето училиште, ние имаме за цел да создадеме стимулативна училишна средина, атмосфера на доверба и разбирање во која се негува потенцијалот на поединецот и каде децата и возрасните покажуваат внимание, учтивост,  почит и емпатија.

» Наша цел е да ги надминеме сите пречки за учење со цел децата да го постигнат целосниот потенцијал.

» Наша цел е сите членови на нашата училишна заедница да се чувствуваат безбедно, сигурно и успешно.

» Наша цел е да обезбедиме динамична и одговорна програма која стимулира доживотно учење преку кое децата развиваат вештини потребни за да бидат успешни граѓани на иднината.

» Наша цел е децата да бидат независни ученици и да се чувствуваат сигурни да донесуваат одлуки и да преземат одговорност за нивното учење.

» Наша цел е постојано да им даваме можности на децата да се вклучат во сегашни и нови технологии за подобрување на нивните искуства за учење.

» Наша цел е да развиеме ефективно партнерство помеѓу домот, училиштето, локалната, националната и глобалната заедница.