На покана од издавачката куќа ,,Арс Ламина”, учениците од деветите одделенија присуствуваа на промоција од книгата: ,,Се викам храброст”. Книгата содржи педесет инспиративни женски приказни, меѓу кои е и приказната на нашата хероина,,Невена Георгиева- Дуња”. Токму таа беше поводот да се собереме во издавачката куќа, иницирана од оригиналната замисла и автентична илустрација на тимот од Арс Ламина.
Пред многубројната публика, меѓу кои и најмладите од нашето училиште се претставија неколку женски ликови, со животни професии, кои ги одбележале како успешни жени од нашето поднебје.
Силни жени се создавале и ќе се создаваат, кога се пренесувале и се пренесуваат приказните од бабите, мајките до внуците и децата. Со оваа книга, децата ќе ги осознаваат и ќе ги истражуваат книжевните ресурси со женски карактери, кои оставале и оставаат силни белези во македонската повест. Така си е, жените се викале, се викаат и ќе се викаат храброст, а преку нив и децата, додека ги читаат ќе се повикаат на нивната воинственост и ќе се викаат храброст.
Благодарни за примерок од книгата да е читана во нашата библиотека.
Благодарни за присуството на внуките Валентина и Невена( внуките од Невена Георгиева- Дуња).



