Во рамките на Месецот на науката, во организација на Друштвото на физичари се одржа XLVI Школа “Млади физичари” на Институтот по физика при ПМФ-Скопје. На 15.11.2024 година Школата беше организирана за учениците од основното образование каде учество зеде и нашето училиште “Навена Георгиева – Дуња”. На настанот се претставија двајца наши ученици од деветто одделение, Анастасија Миткова и Матеј Илиоски под менторство на наставничката по физика Биљана Митаноска.

Анастасија се претстави со експеримент со кој го докажа постоењето на атмосферскиот притисок , за што доби Сертификат за учество, додека Матеј го демонстрираше своето

” Возило на иднината” и се закити со диплома за постигнато прво место.

Честитки за постигнатиот успех и желба ваквите и поголеми успеси да се дел од иднината на секој ученик.