ООУ Невена Георгиева Дуња реализираше мобилност на група ученици и наставници во Р.Словенија, во период од 30 септември до 4 октомври 2024г. 

Учениците учествуваа во работилници, работеа во мешани групи и посетуваа часови во училиштето ОШ ” Томе Томшиќ” во општина Илирска Бистрица. Имаа можност да ги подобрат своите јазични и дигитални вештини, комуникациски вештини, како и тн.”меки вештини”.

Наставниците имаа можност да разменат добри практики во наставата, а присуствуваа и ја следеа работата на наставници во одделенска и предметна настава по предметите:мајчин јазик, англиски јазик, математика, природни науки и физичко образование. Притоа можеа да ги споредат наставните планови и програми, сценаријата за час, но и да ги видат практично методите и приодите кои ги улотребуваат на часовите. Сите учесници, и учениците и наставниците беа дел од воннаставните активности на училиштето поврзани со еколошката зелена агенда по што е позната Словенија. 

Посетија и места од културно- историско значење и се запознаа со убавините и обележјата на местото.

Мобилноста се организира како дел од Еразмус+ проект во склоп на Еразмус+ Акредитацијата на училиштето во областа на училишно образование.