На 15.02.2024 година, во нашето училиште, се одржа работилница со родителите и учениците на тема „Запознавање со поимите дезинформации, мисинформации и малинформации“. Активностите беа дизајнирани да ги збогатат знаењата и разбирањата на родителите и учениците за медиумската писменост, како и да ги поттикнат на активно учество и соработка. Активностите започнаа со пристигнување на родителите и учениците во училишниот хол, каде им беше поделена агендата на активности. Со родителите се реализираат предвидените активности во холот на училиштето, додека со учениците работеа членовите од Медиумскиот клуб, кој предходно подготвија презентации заедно со одговорните наставници на истата тема. Одкако менторот и одговорен наставник за проектните активности Ирена Христовска и директорката на училиштето Наталија Делева ги поздравија присутните и ги упатија кон целите на активностите тие и ја посочија нивната улога во денешните активности.