ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња“ Кисела Вода Скопје како дел од проектот учествуваше на годишната средба на мрежата „Го сакам францускиот јазик“, во присуство на Амбасадорот на Франција, општинските градоначалници, професорите по француски јазик и ученици. Францускиот Институт подготви и богата програма која предвидува бројни проекти, педагошки и културни активности.