Успешна посета на „Саемот на книги“ со учениците од нашето училиште по покана на издавачката куќа „Арс Ламина“. Поучна средба со писателот Васил Мукаетов. Интересно литературно читање од негова страна на дел од неговото богато творештво. Учениците со големо внимание слушаа и дебатираа на неговото читање. Ведри насмевки на лицето и воодушевени од посетата се изјаснија дека добија уште поголема желба за читање и творење.