*Комисијата за грижа за здравјето на учениците во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, за почетокот на новата учебна година подготви две презентации за учениците, со цел да се едуцираат и заштитат од Корона вирусот.

*Учениците со задоволство го прифатија предизвикот да го одбележат Денот на учителите – 5-ти Октомври и за таа цел изготвија литературни и ликовни творби.

ДЕНОТ НА МОЈАТА УЧИТЕЛКА

Денес е 5-ти октомври,

денот на учителите

кои по родителите

се најважните личности

во животите наши.

Мојата учителка се вика Мирјана

единствена и многу вредна,

и за нас е таа посебна.

Многу знаење таа ни дава

но, понекогаш и многу бара.

Секогаш насмеана,

внимателна и полна со љубов,

таа е нашата втора мајка

која постојано не внесува

во својата бајка.

Најдобра учителка е таа,

секогаш внимава на нас,

и се труди за се да не научи

на секој училишен час.

За восхит е нејзината професија,

и благодарни сме за нејзината мисија.

СРЕЌЕН ДА Е ДЕНОТ НА УЧИТЕЛКАТА НАША!

Изработил: Калин Илијевски IVб одд.