„Заедно против насилство“ е уште еден добредојден предизвик за нас учениците од Дуња. Овој пат многу посилни, заедно со врсници од уште четири европски држави. Заедно со темата на нашиот проект кој е поврзана со Декларацијата од Париз од 2015 година за поддршка на државјанството и заедничките вредности на независност, толеранција и недискриминација за време на образованието. Каде што некои од приоритетите се „инклузивно образование, еднакви можности и недискриминација“ и „надминување на дискриминацијата, расизмот, малтретирањето, насилството и стереотипите“ во стратешката рамка за европска соработка во образованието и обуката. (ЕТ 2020). За споделување корисни решенија со другите европски училишта и размена на добри практики со цел да се спротивстави на малтретирањето, турското училиште формираше пост за е-збратимување на пет училишта со иста цел – Полска, Турција, Македонија, Хрватска и Португалија како партнер училишта во нашиот проект. Приближно 8000 ученици, 500 наставници и 200 SEN ученици од 5 партнер училишта ќе учествуваат директно или индиректно во текот на проектот. Нашата најголема желба е наставниците и родителите да можат да ги научат своите улогите и должностите за справување со насилството.
https://erasmustogetheragainstbullying.blogspot.com/
https://kardeslercumhuriyetprojects.com/project-of-tab-1
https://twinspace.etwinning.net/110805/home