Пред себе си поставивме една голема задача, преку која со видео запис во комбинација заедно со примена на многу активности, техники и ресурси го добивме виртуелниот перформанс со кој во целост ја покажавме реализацијата на образовните цели кои секојдневно ги остваруваме. Кога ќе се спои задоволството, уметноста, музиката и современата технологија резултатот е „МАЛИОТ ПРИНЦ“ – детето во секој од нас – виртуелен перформанс. Следејќи ги визиите на Владимир, барајќи го МАЛИОТ ПРИНЦ во нас креиравме последователни, необични, креативни, инспиративни мигови, часови, настава од која што произлезе ова ремек дело. За нашата цел освен воздишките, возбудата и огромниот ентузијазам ги употребивме креативната мисла, знаењата од сите начнати подрачја, триесет таблети, триесет холограми (изработени од нашето училиште), три LCD, три лап-топи и многу љубов. Матов го разбуди детето во нас, а ние ќе го чуваме, негуваме и ќе продолжиме продуктивно да играме со останатите.