Ученици и наставници од ООУ „Невена Георгиева –Дуња“ учествуваа на  средба на Еразмус проектот „MIND your health”.

Во период од 1 до 5 ноември, во училиште во Истанбул, Р.Турција, се одржа втората средба на Еразмус проектот „MIND your health” каде ученици и наставници од нашето училиште, заедно со ученици и наставници од уште 3 европски држави, зедоа учество во заеднички работилници, предавања и часови. Имаа  можност да разменат свои искуства, но и да го збогатат и надградат сопственото знаење.