Со особена гордост споделуваме дека нашата ученичка Саша Зиковска учествуваше на поетската манифестација „Детски гласови“, каде што со својата поетска творба освои ГРАН ПРИ во категоријата од 7 до 12 години. Нејзин ментор е Славица Петревска.

Од вкупно 92 учесници во оваа категорија, Саша беше избрана за добитник на највисокото признание – ГРАН ПРИ.

Овој успех е потврда за нејзиниот талент, креативност и љубов кон поезијата.

Честитки за Саша!

Нека ова биде само еден од многуте нејзини идни поетски успеси!