Нашето училиште успешно го реализираше проектот „БРАНОВИ – Водна акустика, вибрации и звук на животната средина“ – образовен проект кој ги интегрира науката, уметноста и граѓанското образование, помагајќи им на учениците подобро да ги разберат водните екосистеми, одговорноста кон животната средина и важноста од зачувувањето на биодиверзитетот. Практичното искуство што го стекнаа преку овој проект им покажа дека науката е најинтересна кога се доживува во природата и дека наша заедничка обврска е да го зачуваме не само квалитетот на водата, туку и природниот мир на водните живеалишта. За повеќе информации посетете го сајтот: https://akreditacijaproekt5.wixsite.com/my-site-2


