21 Мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој како ден се одржа во нашето училиште со нас ученици од шестите одделенија, но ние вредните шестачиња овој ден го одбележавме во два дена и си ветивме дека следната година ќе се здружиме и со други одделенија да реализираме необични активности цела седмица како да ги поттикнеме и преостанатите наши соученици на дружење без предрасуди.
Добро прочитавте-цела една седмица.Реализиравме инспиративни и креативни работилници посветени на културната различност, почитта и прифаќањето на различните традиции и идентитети.
Секое дете црташе дрво со корења, за да го изрази своето потекло(семејство, традиција), стеблото го претставуваше (кое е и што сака најмногу), листовите беа( различни култури, храна, знаме, танц, јазик) и создававаше qr -кодови со кои споделуваше песна или танцови што ја претставуваше нивната уникатна традиција.
Преку едукативен квиз учевме за различни култури, јазици, обичаи и симболи од помалубројните заедници во нашата држава, разговарајќи за важноста на културниот идентитет и меѓусебното разбирање, но и мораме да си признаеме дека бевме запознаени со културните особености од секоја култура.
Најголем интерес предизвика активноста „измисли нова култура“, каде што бевме поделени во групи и создававме своја замислена држава со: име, знаме, традиционална храна, поздрав, правила и вредности.
Исто така ги изразивме своите културни идентитети по кои е препознатлива и побогата нашата држава.
Со радост, тимска работа и креативност, покажавме дека различностите не нè разделуваат – тие нè спојуваат. И да не е клише последната напишана реченица.
авторка на текстот: Маја Трајковиќ




