🇫🇷 Денес во нашето училиште се одржа

Саем на франкофонските држави, организиран од страна на Градоначалник Бети Стаменкоска Трајкоска, општина Кисела Вода, Амбасада на Р.Франција и Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje.

Преку богата презентација на културата, традицијата и гастрономијата на франкофонските држави, имаше можност да се запознае дел од франкофонскиот свет, да се вкусат традиционални специјалитети и да се научат интересни факти за различни земји, каде што се зборува францускиот јазик.

Vive la Francophonie! 🇫🇷🌍