Животните приказни на лицата со ретки болести, беа извор на инспирација на нашите ученици, кои преку својот ликовен израз ја преточија нивната болка, сила, храброст. Нивната надеж, но и нашата поддршка, прегратка и со љубов подадена рака, која секогаш ќе ги следи и верува во нив.
Од нивните дела произлезе филмска проекција, која ја прикажува нивната креативност, емпатија и хуманост.



