Посебна благодарност на фирмата: ” ИНГРЕС ” и инженер Љупчо Јовановски за неговиот несебичен придонес, стручност и професионализам во реализацијата на нашата идеја, создавање на современ кабинет и лабораторија по хемија, биологија и природни науки.

Од првата идеја до последната славина – секој чекор беше направен со грижа, посветеност и исклучителна соработка.

Ова не е само техничко решение, туку уште еден чекор напред во создавање подобри услови за нашите ученици и наставници.

Благодарност до сите кои веруваат во визијата за модерно, функционално и инспиративно училиште. Продолжуваме со работа.

Инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината.