Изминатиов период наш предизвик беше еден инспиративен хакатон исполнет со идеи, кодирање, тимска работа и многу креативна енергија! Нашите ученици работеа во тим и креираа дигитална апликација за решавање на реален проблем. Нашиот тим „Млади библиокреатори“, имаше јавно претставување на настанот – Хакатон на 28.05.2026 година , каде учениците одговараа на поставени прашања од страна на тричлена комисија и се стекнаа со две дипломи и тоа Диплома за „Најдобро техничко решение“, како и Диплома за „Дигитална одговорност“. Проектот се реализираше во соработка со SmartUp, Junior Achievement of Albania и EU Code Week , со цел да се поттикнат дигиталните вештини, иновациите и STEM образованието кај младите.