Со реализацијата на овој значаен проект се создаваат подобри просторни и функционални услови за работа и учење, како и можности за воведување на современи наставни практики. Доградбата има за цел да одговори на зголемениот број ученици и да обезбеди поквалитетна и подостапна образовна средина за сите.
Остануваме посветени на континуирано подобрување на условите за учениците и наставниот кадар, со јасна визија за развој, инклузивност и квалитетно образование.






