По повод одбележување на Светскиот ден на детето, 20 Ноември, членовите на ученичкиот парламент и ученичкиот правобранител, реализираа активности, под мотото: “Мој ден, мое право”. Подготвија видео,каде што ги искажаа своите размислувања, по однос на актуелните состојби со правата на децата, предизвиците, со кои тие се соочуваат денес и им дадоа предлози на возрасните за подобрување на состојбата. Напишаа писма и испратија пораки за намалување на сиромаштијата, елиминација на детскиот труд и здрава животна средина.
Kalina
Низ детските очи го видовме светот во кој сакаат да живеат. Наша одговорност е да продолжиме да ги слушаме и поддржуваме нивните визии.




