Во рамки на активностите на Вело училиште, учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, под менторство на наставниците: Петар Велевски и Татјана Синадиноска учествуваа во квиз и забавни активности поврзани со безбедноста во сообраќајот.
Преку игра и дружење, учениците повторија важни правила за безбедно возење велосипед и движење во сообраќајот.
Честитки за сите учесници за нивната активност, знаење и одлична енергија!
Учениците уживаа во вело полигон, каде преку игра и предизвици ги усовршуваа своите велосипедски вештини.
Активноста беше исполнета со смеа, спортски дух и тимска поддршка!
Нашите мали велосипедисти уште еднаш покажаа дека безбедноста и умешноста одат рака под рака!






