Холокаустот е врежан како печат кој се испечати не само на еврејскиот народ, туку и на човештвото. Сообразно на ваквиот претежок момент на човечката погибел учениците од деветите одделенија во улоги на презентери ја раскажаа претешката и неискажлива тишина од изложените слики на Меморијалниот центар на Евреите и пред насобраната публика од свои соученици поттикнаа да размислуваат како да не бидат оние другите, кои немо сведочеа кога ги одведуваа Евреите во логорите на смртта. Учениците објаснуваа според сликите, кои беа како импозантни мостови за меѓусебно човечко зближување и проникнување меѓу сегашноста и минатото. Се согласивме дека минатото не можеме да го промениме, но затоа можеме да почувствуваме припадност на млади генерации, кои никогаш нема да обвинуваме националности.
Се вживуваме во тематиката, поврзана со премрежија и предлагаме тие да бидат заменети со забревтани и победоносни уметнички и културолошки изразувања. Ги бистриме зачадените погледи од минатиот век и низ низи од зборови ги редиме низ столетието во кое сме родени.
Благодарност за поставката на слики до Жаклина Мучева и Меморијалниот центар на Евреите и воедно се вбројуваме во училиште, кое ги пречекува со аплаузи сите размисли за еднаквост меѓу луѓето и ги испраќа сите можни стереотипни самокритики за споулавени умови. Благодарност до професорот по историја: Сашо Андонов за неговите лекции, поврзани со трајните вредности во нашите учења.




